Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Совети за забавување и како да се спречи староста премногу да влијае на луѓето
Магазин

Совети за забавување и како да се спречи староста премногу да влијае на луѓето

02/11/2024

AA

Лошите животни навики можат да направат човековото тело да се чувствува многу постаро отколку што, всушност, е… Тука спаѓаат пиење премногу алкохол, послабо јадење и недоволно вежбање. Има некои други работи што може „да ви го забрзаат“ стареењето, воопшто, без човекот сам да го сфати тоа. Докторката на Националната здравствена служба на Велика Британија, Луси Полок дава совети како да се спречи возраста премногу да влијае на луѓето и нивната психичка состојба.

Не грижете се за болести!

Хипохондријата не помага во менталното здравје. Не треба премногу да се размислува за можни болести и здравствени нарушувања. На овој начин само си го преоптовараме мозокот. Д-р Полок истакнува дека мора да се има и други интереси – неповрзани со нашето здравје.

Не прифаќајте слабост!

– Можеби не е општо прифатено мислење, но постарите луѓе може да си ја подобрат мускулната сила. Внесувањето протеини е важно за минералната густина на коските и силата на стисокот, на пример, додека секојдневните чучнувања и лесни склекови можат да помогнат да го контролирате телото, препорачува д-р Полок.

Советот гласи: Не прифаќајте туку-така дека сте слаби.

Не игнорирајте ја технологијата!

Современите модерни технолошки уреди „од новото време“ може да бидат исклучително иритирачки… Но, за постарите лица, препорачливо е да се држат во чекор со најновата технологија. Тоа, на пр., ќе им помогне да останат во редовен контакт со роднините, пријателите и семејството.

Сѐ поретко дружење со пријателите

– Социјалната анксиозност (или одбивност кон дружбите), може да се зголеми со возраста. Сепак, советот тука вели: Не кажувајте „не“ на дружењето што ви го олеснува животот. Дружењето е добро за душата, а научните истражувања го поврзуваат со здрав животен век. Дури и едноставните работи како одење на претстава или концерт може да ви помогнат да се чувствувате подобро и посреќно, појасни д-р Полок.

Не очекувајте чуда!

Но и паѓањето на под, на пример, може „да ја разниша“ самодовербата и надежта за успешно закрепнување… Сепак, како што вели изреката – „застанете на нозе“ наместо целосно да се потпрете на физиотерапевт, кој секако ќе ви помогне, ама и треба да продолжите со секојдневието, вежбите итн., скромно, без да се очекуваат чуда. Податоците собрани во 2012 и 2014 година испитале 2.672 мажи и 3.344 жени во повеќе гледишта од нивниот живот, вклучувајќи го тука здравјето, исхраната и сексуалната активност.

Премногу апчиња

Д-р Полок истакнува дека не треба да се пијат премногу таблети бидејќи тоа може да има и негативно влијание врз здравјето. Многу луѓе сакаат да пијат апчиња затоа што тоа нудело брзи решенија. Но, лекарот тврди дека најмалку 20 отсто од приемите в болница за лица над 85 години се поврзани со лековите. Некои таблети, како што се апчињата за мочниот меур и антихистамините, можеби нема да помогнат долгорочно. Сепак, секогаш разговарајте со вашиот општ лекар за најдобар совет, препорачува лекарката.

Не избегнувајте ги младите!

Благодарение на интернетот и новите збунувачки сленг-зборови, генерацискиот јаз меѓу повозрасните и младите е поизразен за некои луѓе. Сепак, меѓугенерациските односи се навистина одличен начин луѓето да најдат нов живот. Помладите уживаат во стабилната мудрост на постар пријател, додека постарите можеби сметаат дека тоа им помага да бидат во чекор со времето и променливиот свет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy