Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Совет на Амбасадори“ го поздравува објавениот Извештај за реформи на ЕУ
Македонија

„Совет на Амбасадори“ го поздравува објавениот Извештај за реформи на ЕУ

20/09/2023

AA

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ го поздравува објавениот Извештај за реформи на ЕУ, изработен од француско – германска група на експерти, претставен од Ана Лирман, државен министер за Европа на СРГ и Лоренс Бон, државен секретар за европски прашања на Франција, водачи на групата составена од дванаесет експерти, наречена, „Групата на дванаесетмината“, формирана во јануари 2023. Извештајот препорачува паралелно одвивање на ЕУ внатрешни реформи, законодавство и проширување, со симболичен наслов, „Едрење на високи бранови – реформи и проширување на ЕУ во 21ви век“.

Суштината на извештајот се сведува на тоа дека „ЕУ проширувањето и ЕУ реформите можат да одат „рака под рака“. (Ана Лирман).

Советот на Амбасадорите посебно ја поддржува изнесената заложба во Извештајот, 2030 година да се определи како јасна и цврста временска координата за следно проширување на Европската Унија, како и препораката дадена до следната Европска Комисија, таа да се посвети на целта „2030“ и навреме да ја усогласи постапката за пристап кон проширувањето.

Воедно, сметаме дека овие оптимистички препораки од групата на експерти и постојаните декларации од високи и највисоки претставници на Европската Унија и на нејзините земји – членки да се преточат во одлука на највисоките тела на ЕУ, со јасни обврски за земјите – кандидати, но и за самата ЕУ. Советот на амбасадори особено ги цени препораките, единствено самиот прием да биде врзан со едногласност на сите земји – членки, а во текот на процесот на проширување да се одлучува со „квалификувано мнозинство“, и ЕУ да преферира проширување „втемелено на заслуги“, концепт, кој што дури шестпати се наведува во самиот Извештај.

Имајќи ја предвид нашата стратегиска и консензуална определба за полноправно членство во Европската Унија и заокружување на процесот на македонската европска интеграција, Советот на амбасадори се залага за отворена, продлабочена и проширена дебата во македонската јавност по сите изложени точки од Извештајот на француско – германската работна Група на експерти за реформа на ЕУ.

Советот на амбасадори будно ги следи сите дебати во рамките на Европската Унија за преосмислување на процесот на европска интеграција и повикува на отворена дискусија за македонскиот позиција во овој процес, со сѐ сите придобивки, можностите и предизвиците што го следат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy