Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции
Економија

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

24/04/2025

AA

На денешниот состанок на ресорската група за енергетика, што се одржа во
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, беа разгледани
моменталните состојби со снабдувањето со електрична енергија и тековните
активности на главните актери во системот. Групата, која ја сочинуваат сите
релевантни институции и компании – АД ЕСМ, МЕМО, МЕПСО, Регулаторната комисија
и други партнери од секторот, е формирана по иницијатива на министерката Сања
Божиновска и има задача да обезбедува постојана координација и брза реакција
при какви било ризици во снабдувањето.

Главна тема на состанокот беше анализата на потрошувачката за време на
претходните празници и подготвеноста на системот за следниот викенд за време на првомајските празници. Заклучено е дека мрежата успешно го амортизирала зголемениот притисок,
без поголеми нарушувања, а сите капацитети остануваат мобилизирани и за
претстојниот период.

Од страна на АД ЕСМ беше посочено дека водостојот, кој на крајот на
минатата година беше на критични 11%, сега е стабилизиран над 30%, благодарение
на внимателното и штедливо управување со ресурсите. Се работи, како што
истакнаа од компанијата, со „домаќински и одговорен пристап“ кој веќе дава
резултати.

Се разговараше и за напредокот на тековните енергетски проекти, фазите
во кои се наоѓаат и предизвиците со кои се соочуваат. Дел од нив се одвиваат
според динамиката, додека за некои се иницирани интерни постапки за надминување
на забавувањата. Во фокусот беа и идните планови за инвестиции со кои би се
зголемила сигурноста и отпорноста на електроенергетската мрежа.

Според министерката Божиновска, ваквата редовна координација е
суштинска:

„Секоја проценка, секоја анализа и секој чекор што го правиме има една
цел – стабилно и безбедно снабдување за граѓаните и стопанството.
Континуираниот дијалог меѓу институциите е гаранција дека навреме ќе ги
адресираме сите можни ризици.“

Ресорската група ќе продолжи со редовни состаноци и известувања до
јавноста, со акцент на транспарентност и професионален пристап во управувањето
со националниот енергетски систем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy