
Состојбата му се подобрува: Гитаристот на „ДНК“ опериран!
Гитаристот на групата „ДНК“, Горан Тонев е со сериозни повреди, но е во стабилна состојба.
Тој се наоѓа во една од болниците во Солун.
Според информациите, Горан пред околу два дена е повторно опериран, а неговата здравствена состојба се подобрува.
Инаку, Горан е музичар кој дипломирал на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Македонската јавност го запозна по настапите во 2020 година како дебитант на „Макфест“ во родниот Штип со песната „Моја и твој“, но и по учеството на „Ѕвездите на Гранд“ во 2021 година, каде беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Фронтменот Владимир Блажев попознат како Панчо, пратеничкиот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Тонев се единствените од групата ДНК кои го преживеаа пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.