
Состојба на пожарите во Македонија: Пет активни, шест под контрола!
На 21.07.2025 година, до 21:00 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари, информираат од ЦУК.
5 се активни,
6 се под контрола,
18 се изгаснати.
АКТИВНИ ПОЖАРИ:
• Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
• Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
• Општина Македонски Брод – помеѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
• Општина Македонски Брод – с. Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
• Општина Прилеп – с. Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:
• Општина Ресен – с. Шурленци и с. Езерани (трска и ниска вегетација)
• Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
• Општина Дојран – с. Николич (мешана шума)
• Општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)