
Состојба на пожарите во Македонија: Пет активни, четири под контрола
На ден 23 јули 2025, до 21:00 часот, во државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.
5 се активни
4 се под контрола
16 се изгаснати
АКТИВНИ ПОЖАРИ:
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, местo викано Бешишки Рид (мешана шума)
3. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
4. Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума – прнар и сува трева)
5. Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:
1. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, местo викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
3. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
4. Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (шума)
