
Состојба на пожарите во Македонија: Девет активни, шест под контрола
До 12:30 часот, на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, инфомираат од ЦУК.
9 се активни
6 се под контрола
АКТИВНИ ПОЖАРИ (9):
1. Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, краци кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума);
Интервенција не се изведува поради детонации.
3. Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (опш. Прилеп), и Галиште и Трстеник (опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
4. Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Желино: помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
6. Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума);
7. Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума);
8. Општина Илинден: помеѓу Мршевци и Бучинци (стрниште);
9. Општина Чашка: с. Ореше (ниска вегетација и букова шума);
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (6):
1. Општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце, Орах и Руѓинце – пожарот се шири кон с. Димонце и с. Коњух (опш. Кратово), каде постои закана по куќи и помошни објекти (ниска вегетација);
2. Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и сува трева);
3. Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);
4. Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума);
5. Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума);
6. Општина Петровец: Катланово – с. Чифлик (ниска вегетација, грмушки и дабова шума);
