
Состави: Осимен е стартер за Наполи, Елмас почнува од клупата
Најважно за Наполи е враќањето на Виктор Осимен кој поради повреда не играше на првиот натпревар. Во составот место во стартниот тим доби и Ндомбеле кој е на местото на Ангиса кој е суспендиран.
Нашиот Елиф Елмас беше стартер на Сан Сиро, но овој меч ќе го почне од клупата за резерви.
Милан има предност од 1-0 по првиот натпревар.