Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СОСЕДИТЕ МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ: сѐ повеќе работници остануваат без работа и во Германија
Економија

СОСЕДИТЕ МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ: сѐ повеќе работници остануваат без работа и во Германија

03/10/2024

AA

Шпанија и Грција
се на врвот меѓу земјите со најголема невработеност во Европа
. Иако бројките на
невработени граѓани во унијата опаѓаат последниве месеци, овие земји имаат висок
процент на невработени. Спротивно на трендот во Европа, и Германија,
која важеше за економскиот мотор на Европа, се соочува со раст на невработеноста
.

Европскиот
статистички центар „Евростат“ во последниот извештај нотира дека невработеноста
во еврозоната е на најниско ниво
исто како и минатиот месец. Имено, таа
изнесува само 6,4 проценти, додека година претходно, или август 2023 изнесувала
6,6 отсто. Што се однесува до стапката на невработеност во унијата, таа е
уште помала и достигнува 5,9 проценти во август, при што има намалување во
споредба со претходниот месец, кога достигнувала 6 отсто.

Бројките говорат
дека 13.027 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10.925 милиони во еврозоната, биле
невработени во август 2024 година.

– 
Во
споредба со јули 2024 година, невработеноста е намалена за 108 илјади во ЕУ и
за 94 илјади во еврозоната. Во споредба со август 2023 година, невработеноста е
намалена за 142 илјади во ЕУ и за 233 илјади во еврозоната – укажуваат аналитичарите
на „Евростат“.

ШПАНИЈА „ЛИДЕР“,
ГРЦИЈА ЗАД НЕА

Бројките
покажуваат дека најголема невработеноста има Шпанија, каде стапката на
невработеност достигнува високи 11,3 проценти. Иако во споредба со истиот месец
минатата година има намалување од 11,6 отсто, сепак за развиена земја ова е
висока невработеност.

Веднаш зад неа
според процентот на невработеност е нашиот сосед Грција
, каде во август стапката
достигнала 9,3 отсто. И соседите бележат пад, од 11,4 проценти минатата година
во месец август, но и понатаму се соочуваат со висок процент невработени
граѓани.

Трета на листата
земји со најголема невработеност во унијата е Шведска со 8,4 проценти
невработеност, додека веднаш по неа е Финска со 8,3 отсто невработени граѓани.
Литванија и Естонија го делат петото место бидејќи и двете земји имаат ист
процент невработени граѓани, односно стапката на невработеност изнесувала 7,9
отсто во август.

Германија, која
важи за економскиот мотор на Европа, нема толку високи стапки на невработеност,
но бележи раст. Имено, во август годинава стапката била 3,5
отсто,
додека една година претходно само 3 проценти.

Чешка пак е земја
која може да се пофали со најниската стапка на невработеност. Таму, согласно податоците
кои ги објави „Евростат“невработеноста изнесувала само 2, 6 проценти. Потоа
следува Полска со 2,9 проценти невработеност, па Малта со 3 проценти
невработеност, и Словенија со 3,3 отсто невработени граѓани.

Од друга страна
кај младинската невработеност, поточно во категорија граѓани под 25 години, во август во ЕУ имало 2.766
милиони без работа. Од нив 2.231 милиони млади лица биле во еврозоната
. Во
август 2024 година стапката на невработеност кај младите изнесувала 14,3
проценти во ЕУ, што е намалување од 14,5 отсто во јули 2024 година и 14,1
проценти во еврозоната, што е намалување од 14,2 отсто во претходниот месец.

– 
Во
споредба со јули 2024 година, невработеноста кај младите е намалена за 50
илјади во ЕУ и за 31 илјади во еврозоната. Во споредба со август 2023 година,
невработеноста кај младите е намалена за 102 илјади во ЕУ, а за 128 илјади во
еврозоната – посочуваат статистичарите.

Во август 2024
година, стапката на невработеност кај жените била 6,1 отсто во ЕУ, а стапката
на невработеност кај мажите 5,7 проценти
.

Во Македонија според последните податоци објавени од
Државниот завод за статистика, невработеноста во второто тромесечие од 2024
година достигнала 12,5 отсто. Долги години нашата земја се бореше со многу
повисоки стапки на невработеност, кои подолг период се намалуваат, но во споредба со Европа, ние и
понатаму имаме висок процент на невработеност.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy