
Сосед истепал 9-годишно дете во Виница
Вчера. во 19:51 часот во ОВР Виница, од Итна медицинска помош Виница е пријавено дека од страна на родителите кај нив бил донесен деветгодишен малолетник со повреди на главата и телото.
Според пријавеното, детето било нападнато од страна на нивниот сосед С. Т. (45).
Оолициски службеници од НККР при ОВР Виница, преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.