Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА НИ ГО УНИШТИ ОДМОР“: Реакцијата на газдата ги шокирала, еве за што се морале да доплатат
Економија

„СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА ВО ГРЦИЈА НИ ГО УНИШТИ ОДМОР“: Реакцијата на газдата ги шокирала, еве за што се морале да доплатат

22/09/2023

AA

Сезоната на одмори полека привршува, но на социјалните мрежи сè уште можеме да прочитаме различни искуства од популарните дестинации на нашите туристи, особено од Грција која важи за омилена меѓу нашите граѓани и оние во соседството.

Таков е и еден од последните споделени статуси во Фејсбук групата Грција – група за туристи, каде се појави објава во која жена се жали на сместувањето што го имале годинава во Флогита.

– Овде ќе споделам едно многу непријатно искуство од одмор во Флогита со надеж дека луѓето на кои им треба одмор нема да го доживеат истото. Станува збор за замок и за човекот кој управува со него. Таму доживеавме толку лошо искуство, досега никаде не било вака – пишува во објавата и продолжува:

– Немавме топла вода затоа што бојлерот беше расипан. Не само што не му падна на памет да го поправи, туку нè искара, не навредуваше… Тој маж и жена му штом ја поминеш капијата бараат пари, а гостите уморни од патувањето, плаќаат на влез како да се крадци. Ги навредуваат и викаат гостите ако зборуваат малку погласно во нивните соби! Но, вие плативте, па издржете до крај! Тој вели: Јас сум тука шеф, јас ги правам правилата! Ова е искуството на неколку гости на вилата со кои разговарав! Ни го уништи одморот! – стои во објавата, пренесува „Курир.рс“.

Оваа објава предизвика лавина коментари од членовите на споменатата група. Судејќи по реакциите, мислењата беа поделени. Некои напишале дека имале одлично искуство во оваа вила, додека други биле шокирани од ова искуство.

– Гледаш дека сопственикот на вилата себеси се нарекува газда. Таквите луѓе едноставно ме разболуваат. Зошто дозволивте, вратете ги парите и чао – вели еден од коментарите, додека другиот гласи:

– Тоа што барал пари на капија е сосема во ред со оглед на тоа што многумина побегнаа од апартманите без да платат. Ако котелот за топла вода не работи, тоа е страшно, а се друго го одредува сопственикот на куќата и нема дискусија за тоа – прочитајте дел од коментарите под објавата.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy