
СОПСТВЕНИКОТ НА ТВ ПИНК ИЗБЕГНАЛ УДАР ОД ГРОМ? Еве што објави тој на својот инстаграм профил
Жељко Митровиќ, сопственикот на ТВ Пинк, веќе неколку дена со семејството одмара во Сен Тропе, а го посети и Монте Карло од каде сега се огласи.
Имено, тој на својот Инстаграм профил објави видео каде на своите следбеници им откри низ каква драма поминал.
Како што вели, за малку ќе го удрил гром, но за среќа тоа не се случило бидејќи седнал на време.
– Само 7 секунди порано, да поминев покрај овој јарбол, зад грб, ќе ме погодеше гром, кој за среќа беше предоцна бидејќи веќе седнав, јарболот светна како елка! Тие наши бури се мало дете за оние во Монте Карло! П.С. Грталица е мојата судбина – напиша Митровиќ во описот на видеото кое го објави.
Да потсетиме, сопственикот на Пинк Жељко Митровиќ и неговата сопруга Милица неодамна престојуваа во Сен Тропе, а престојуваа во стан во кој една ноќ наводно чини неколку илјади евра.
ФОТО:Принтскрин
