
СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ – претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции
Кога компанијата е успешна и има одлични перформанси и развојни перспективи, логично е дека раководните лица, а воедно и најголеми акционери, купуваат акции од тоа акционерско друштво. Тоа значи доверба и лојалност кон компанијата на чие чело се главните менаџери.
Еден таков пример е успешната компанија „Алкалоид“, фармацевстки гигант во земјава, чии прв човек Живко Мукаетов се стекнал со 400 обични акции на тоа акционерско друштво.
„Известуваме дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален
директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 400 обични акции издадени од
АЛКАЛОИД АД Скопје“, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Акцијата на „Алкалоид“ е една од најтргуваните на Македонската берза, а нејзината цена е речиси секогаш во нагорна вредност, па затоа и оваа компанија е секогаш во врвот според нејзината пазарна капитализација.
Вчера една акција на „Алкалоид“ имаше просечна цена од 20.689 денари.
