
Сопругот на починатата Ивана во изминатите две години добил десет кривични пријави за имотни деликти, насилен криминал и трговија со дрога!
Министерот за внатешни работи, Панче Тошковски на денешната прес-конференција денеска соопшти дека сите околности детално се документираат за вчерашниот трагичен настан во Карпош.
По усна наредба, уапсен е сопругот, Стојанче Јовановски, поради сомневање за сторено кривично дело, изјави Тошковски.
Според податоците што ги изнесе министерот, во изминатите две години против него имало десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога.
Кај него, тогаш биле пронајдени 20 паковки наркотична супстанција, по што бил уапсен и против него била поднесена кривична пријава.
По барање на јавен обвинител му биле изречени мерки на претпазливост, односно обврска за јавување во суд.
Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците. Полицијата постапувала и преземала мерки, но, како што посочи Тошковски, во сите наврати оштетената Ивана се повлекувала од поднесените пријави.
