
Сопругата на Андреј од ДНК низ солзи: Не бараме сожалување и сочувство, бараме правда!
Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на Андреј од ДНК, денеска на протестот „Марш за Ангелите“ порача дека тие не бараат сожалување, ниту пак сочувство.
Како што вели, тие бараат правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која тие ја преживеале.
„Бараме да покренете иницијатива за одржување надзорна расправа пред надлежната собраниска комисија, како и да формирате посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата бидејќи трагедијата не е бројка, туку живот. Трагедијата претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, безбедност и право на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана на живот. Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија, никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен а не бил“, вели таа.
