Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Влажни коловози и апел за внимателно возење
Македонија

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО Влажни коловози и апел за внимателно возење

25/01/2026

AA

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Од АМСМ информираат дека сите патни правци се проодни и безбедни за сообраќај, но поради врнежите од снег се препорачува зголемено внимание при возење.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и со расположлива механизација и работна сила континуирано работат на расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се спроведуваат активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Надлежните апелираат возачите да управуваат внимателно и совесно, задолжително да користат зимска опрема, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Оваа обврска важи до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ информираат и дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy