
Сообраќајот отежнат, автомобил се преврте на патот Гостивар кон Стража!
Предмалку сообраќајна несреќа се случи на патот Гостивар-Стража, односно пред клучката Маврово кога патничко возило целосно се преврте на кров.
Полицијата е веќе на терен и се врши увид.
Причината за несреќата се уште не е позната, а сообраќајот се одвива отежнато.