Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СООБРАЌАЈОТ КAJ ЌАФАСАН УШТЕ Е ВО ПРЕКИН ВО ДВАТА ПРАВЦИ Еве на кои патишта има времени измени
Македонија

СООБРАЌАЈОТ КAJ ЌАФАСАН УШТЕ Е ВО ПРЕКИН ВО ДВАТА ПРАВЦИ Еве на кои патишта има времени измени

31/12/2025

AA

 

Сообраќајот кон ГП Ќафасан е сè уште во прекин во двата правци, известува Автомото сојузот во соопштение. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на двжиење и почитување на сигнализацијата и на правилата и потсетува  на обврската за поседување зимска опрема.

Можност за одрони има кај Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На сила уште е променетиот режим на сообраќај кај Прилеп-Битола. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Р1101.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Затворен патот Охрид-Ресен преку Галичица 

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Работи на пат кај Волково-Кондово

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Рачна регулација кај Крива Паланка-Страцин

На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица)  започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.

Наизменично пропуштање со семафор кај Гостивар-Стража

Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена кај Прилеп-Крушево-Сладуево

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па сè до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани.

При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

Градежни работи кај Блаце

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација.

Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин “Блаце” на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Пренасочување кај Подмоље-Охрид

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy