
Сообраќајна несреќа на патот Охрид – Св. Наум: Тројца млади повредени
Утрово во 00:15 часот, во СВР Охрид беше пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Охрид – Св. Наум. Патничко возило „Пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л. (20) од селото Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници:
Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде тројцата се пренесени веднаш по несреќата.
На местото на несреќата беше извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Охрид. Причините за излетувањето на возилото надвор од коловозот сè уште се утврдуваат, а истрагата е во тек.