
Сончево и топло, викендов температурата до 30 степени
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.
До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од среда се очекува значителна промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.
