
Сончево и топло – температурите над 30 степени!
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 15 степени, додека максималната ќе скокне од 24 до 32 степени.
Продолжува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на температурата на воздухот.