
Сончево и топло, од среда ни доаѓа дожд
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во следните денови ќе се задржи релативно топло време. Промена на времето се очекува во среда со повремен локален дожд, а во четврток наместа пороен со појава на грмежи.
