
Сончево и топло до петок – за викенд нестабилно
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб
до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне наместа облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за локален слаб дожд. Максималната температура ќе достигне од 25 до 32 степена.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. T=31°C. P=982hPa. U=32%. V=3m/s. UV index=6.
До петок времето ќе биде претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен.