Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Солзи и болка: Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја кое било пронајдено под автомобилот на Васил
Македонија

Солзи и болка: Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја кое било пронајдено под автомобилот на Васил

05/02/2025

AA

Здружението за заштита на животните од Кавадарци, ЛИНА – СПАСИ Живот, добиј ЖИВОТ, помогни на животните, преку својот фејсбук-профил објави емотивен статус во кој го споделија трагичниот настан во кој животот го загуби Фросина Кулакова, а нејзиното куче Аја беше тешко повредено.

Според информациите, Аја била тешко повредена при трагедијата, но за среќа преживеала.

Аја беше пронајдена под автомобилот на осомничениот убиец, Васил Јованов, кој го паркирал својот автомобил пред зградата на Фросина. Кучето, и покрај сериозните повреди, успеа да преживее благодарение на брзата реакција на локалните активисти и ветеринарите. Здружението изрази благодарност за поддршката и се надева дека случајот ќе добие своја правична разрешница.

„Фросина
Ќерко наша, толку добрина имаше во тебе, толку милост , убавино наша..
Како и секоја вечер со твоето душиче , со твоето пријателче Аја, за која ти се грижеше одговорно.
Бевте љубов , поврзани, си имавте свој јазик заеднички , како и многу други кои своите миленичиња се дел од семејството.
Голем љубител на кучиња, на се она што носи душа во себе…, за разлика од нејзиниот убиец кој немаше емпатија кон се живо.
Кобната вечер кога нашата мила Фросина со својот неразделен другар, нејзина Аја, поминуваа на пешачки…
Радосни, среќни, две души сплотени кои си беа верни една друга..ве сруши убиецот.
Фросина ја покоси наркоман, дилер, пијаница, разгалено монструмче…
Ја покоси заедно со нејзината душа миленичка, нејзината Аја..
Никој не ја спомна Аја..која откако и ја одзема нејзината милостлива Фросина, ѓаволот со неговото оружје со над 150 км на час ги исфрли на ладниот асвалт..
Фросина ..за Аја беше поврзаност, беше нејзина заштита, љубов, среќа, заедно беа нонстоп, неразделни.
Кобниот момент кога Фросина и Аја слободно поминуваа на пешачки, на зелено…ги сруши некое си прчло наркоманско, со над 150 км/ч и тоа на црвено за возилата.
Ја УБИ Фросина…на лице место.
Аја ..и ја скрши ногата, и ги раскрвари очите ..чија крв беше и на твојот автомобил ВАСО УБИЕЦ,..
Фросина и Аја беа една душа..си веруваа и не се разделуваа.
Откако..гадот ја уби Фросина…неговиот автомобил го паркирал пред влезот на наејзината зграда.
Фросина душа златна..немоќна….веќе во прегратка на ангелите, само немо се борела преку нејзината душа , да ја заштита нејзината Аја..
Но Аја каде те најде мила Фросинче…
Аја..која со скршена нога, и со раскрварени очи , од ударот кој ве покоси убиецот. каде душо мила да те најде..да ја заштитиш…
Ах Фросинче..
Твојата Аја лојална , барајќи те тебе..да ја заштитиш..да ја гушнеш..нашла безбедност во темината..
И тоа Фросинче наша..твојата Аја се скрила под автомобилот кој те уби ..паркиран пред твојата зграда..откако ве удри заедно..
Аја те чекаше Фросинче, под автомобилот на убиецот, затоа што мислеше дека си тука во близина..
Твојата Аја е тажна….Фросина..
Се барате една со друга…
Од среќни и насмеани ве раздели некое наркоманче буржоазиско..
Аја те гушка Фросинче….
Добра..е..и многу и недостигаш…
Души златни….кои само сакавте слободно да чекорите низ таканаречените безбедни улици, затоа што бевте одговорни и почитувавте закони.
Сега ти си во земја Фросинче, Аја ..тажи по тебе..а ѓаволот..кој ве раздели, суди му ти Фросинче…а ние ќе го докрајчиме….
Аја ..е добро..само е тажна по тебе..
За некого беше само куче кое не постоеше..
Но ФРОСИНА и АЈА беа прегазени заедно на пешачки“, велат тие во својот статус.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy