
Солшер: Доаѓањето на Роналдо ни ја уништи концепцијата
Норвежанецот тврди дека со него се уништила рамнотежата во тимот, а Роналдо бил многу проблематичен, како во соблекувалната, така и на теренот.
„Кога дојде, Роналдо побара на првите три натпревари да биде стартер, а на четвртиот резерва. Но, кога дојде четвртиот меч, се налути зато што останал на клупата и постојано негодуваше.
Што се однесува до играта, немаше никаков проблем кога ја имавме топката во наш посед. Но, Роналдо не играше одбрана, односно не притискаше, а тоа беше дел од нашата концепција и начин на игра. Поради неговото доаѓање, дозволивме да си замине Даниел Џејмс со кого Роналдо е сосема различен играч. Кога си одеше Џејмс, сметав дека тоа е правилен потег за Јунајтед, но излезе дека не било така“, изјави Солшер.
Вториот престој на Роналдо во Јунајтед траеше само 18 месеци и заврши неславно, без ниеден освоен трофеј.
