СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини
Одгледувачите на малини во Србија бараат берачи, при што нудат дневница од 4.000 динари, сместување и храна.
Сопствениците на малини од регионот Ивањица, веќе почнаа да бараат работници. Огласите за берачи веќе ги преплавија социјалните мрежи и локалните портали.
„Ги имаат сите услови што ги имаме јас и моите домашни. Иако цената на малините се уште не е позната, не сакаме да оставиме на случајноста“, вели долгогодишен одгледувач на малини од селото Прилике кај Ивањица.
Често работниците и покрај добрата заработувачка не ги исполнуваат очекувањата.
„Понекогаш се случува луѓето да почнат да берат малини како да одат на патување во природа. Воопшто не се трудат, никогаш не добиваат ни 50 килограми што е минимум“, додава сопственикот на малини.
Бербата на малините почнува во јуни и трае околу еден месец, ако се земе предвид дека дневницата е околу 4.000 динари, тоа покажува дека за толку кратко време во Србија може да се заработи натпросечна плата. Србија е во самиот врв во светот по производство на малини.
foto freepik.com/grmarc