
СОЛИДАРНОСТ ОД КОЧАНИ ДО ШВАЈЦАРИЈА: Иницијативата родена од пепелта на трагедијата нуди помош за жртвите во Кранс-Монтана
Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ упати писмо со сочувство и понуда за конкретна помош до Амбасадата на Швајцарија во Скопје, по повод катастрофалниот пожар во ски-центарот Кранс-Монтана. Повикувајќи се на сопственото болно искуство од трагедијата во Кочани во 2025 година, здружението се понуди да го сподели своето знаење за менаџирање со кризи.
Во писмото адресирано до амбасадорот Кристоф Сомер, од иницијативата изразуваат длабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените во пожарот во барот „Le Constellation“.
„Support Kocani“ потсетува дека и самите произлегле од слична трагедија – пожарот во дискотека во Кочани на 16 март 2025 година.
Тогаш, во соработка со локалната заедница и институциите, тие развиле и имплементирале централизиран систем за:
Врз основа на ова искуство, здружението сега на Швајцарската Конфедерација ѝ ја нуди својата експертиза во структурирано управување со информации и координирана испорака на помош.
