
Соиграч на Јокиќ изгризан од куче – заврши со 21 конец на лицето и раката
Американските медиуми објавија дека тој ќе мора да отсуствува извесен период бидејќи нападот не бил безопасен и Гордон завршил со дури 21 конец на лицето и десната, шутерска рака. Од Денвер Нагетс не сакаа да откриваат детали, освен дека Гордон ќе биде надвор од тимот додека не му заздрават раните.
Оваа сезона, 28-годишниот крилен играч е еден од најдобрите во тимот на Денвер, со просек од 13,6 поени, 6,9 скока и 3,4 асиистенции по натпревар.