
Сограѓанин му се заканувал на Митко Јанчев!
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев пријавил закани од страна на сограѓанин.
„Вчера во 14:05 часот во ОВР – Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години – градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот“, велат од СВР – Велес.