Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Софија со писмо до ЕУ: Македонија чека и провоцира; Сиљановска: Судовите не се под туѓа јурисдикција
Македонија

Софија со писмо до ЕУ: Македонија чека и провоцира; Сиљановска: Судовите не се под туѓа јурисдикција

03/09/2025

AA

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, испратил писмо до своите колеги од земјите-членки на Европската унија во кое ја обвинува Македонија дека „чека“ наместо да „работи“ на исполнување на своите обврски, што е причина за статус-квото во преговорите. Писмото предизвика остри реакции во Скопје, како од претседателката, така и на внатрешно-политичката сцена.

Во дописот, Георгиев изразува загриженост за, како што вели, одбивањето на земјава да ги спроведе обврските, но уверува дека Софија нема нови услови. Сепак, тој оценува дека иницијативата поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка Лилјана Поповска за оценка на уставноста на Протоколот од Договорот за добрососедство е „непотребна провокација и правно апсурдна постапка во координација со владејачката ВМРО-ДПМНЕ“.

На ваквите наводи, шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, одговори дека македонските судови не се под јурисдикција на политичари од соседството. „Нашите судови не се под јурисдикција на политичари од соседството и одлуките не се коментираат“, изјави претседателката.

Истовремено, таа ја отфрли и идејата на СДСМ за носење нова собраниска декларација за „црвените линии“ во преговорите, оценувајќи ја како непотребна.

„Не разбирам што значи црвена линија во овој поглед, особено не ја разбирам аргументацијата дека доколку сепак соседот посегне по вето, ние тогаш ќе ги прекинеме преговорите. Ако лидерите на сите партии зборуваа во еден глас, сигурно поинаку ќе се однесуваа кон нас“, рече Сиљановска-Давкова, потсетувајќи на предлогот за уставни измени со одложено дејство, кој, како што рече, првиот човек на Европската Унија, Кошта, го оценил како „извонреден потег“.

На ваквиот став на претседателката експресно реагираа од СДСМ, обвинувајќи ја дека не се однесува како претседател на сите граѓани.

„Наместо државнички пристап, наместо да ја поддржи иницијативата за национален консензус во клучен момент за евроинтеграциите, таа ја нападна идејата на СДСМ за резолуција со јасно дефинирани државни позиции и црвени линии“, се вели во соопштението на социјалдемократите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
Македонија

Полициска акција во Штип: Одземени марихуана, дигитални ваги и оружје

09/09/2026
Македонија

Сончево и топло до петок, потоа следува значително заладување

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45585
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота ќе започне да функционира и на подрачјето на СВР Велес, со што

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026

Пет пожари на отворен простор и натаму се активни низ земјава, додека четири се ставени под контрола, покажуваат најновите податоци

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy