Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не сум виновен, синот ми ги крадеше клучевите“, се бранеше таткото на Васил на стартот на судењето
Македонија

„Не сум виновен, синот ми ги крадеше клучевите“, се бранеше таткото на Васил на стартот на судењето

03/09/2025

AA

„Не се чувствувам виновен и не разбирам што ми се става на товар“. Со овие зборови, Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика тешката сообраќајна несреќа во која загина младата Фросина, денеска во Основниот кривичен суд ја отфрли вината за делото „загрозување на безбедноста во сообраќајот“.

Обвинителството, во еден од ретките вакви случаи во судската пракса, ќе се обиде да докаже дека таткото, иако не бил директен учесник во сообраќајот, придонел неговиот полнолетен син да предизвика опасна состојба.

„Во ова судење ќе се увиди дека во случајот станува збор за ноторен факт дека татковата љубов кон синот единец била голема, но резултирала со несреќна попустливост кон синот кој се оддал на пороци“, истакнаа од Обвинителството, додавајќи дека обвинетиот е примерен офицер во армијата кој досега не бил во судир со законот.

Одбраната, предводена од адвокатот Дуковски, бурно реагираше на ваквите наводи, тврдејќи дека родителот не може да одговара за постапките на својот полнолетен син. „Неговиот клиент никогаш не му го има дадено возилото на синот, туку тој ги крадел клучевите“, рече Дуковски. Најавено е дека и синот Васил ќе сведочи на некое од следните рочишта.

Првото рочиште помина во тензична атмосфера, а од судницата беше отстранет Тодор Кулаков, таткото на починатата Фросина. Тој реагирал поради фактот што истата судијка ги води и постапката против синот и против таткото.

Обвинителството го измени обвинителниот предлог врз основа на нови докази. За ова кривично дело, максималната предвидена казна е една година затвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy