Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Собраниската веб страница хакирана – засега можат да пристапат само домашни корисници
Македонија

Собраниската веб страница хакирана – засега можат да пристапат само домашни корисници

28/03/2023

AA

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите информира дека по хакерскиот напад врз собраниската веб страница се следи состојбата и посочи дека засега до страницата можат да пристапат само домашните корисници.

Џафери истакна дека констатирале оти од повеќе странски земји се правело обид да се хакира сајтот, но посочи дека не можеле да утврдуваат конкретно од која земја.

-Во секој случај се следи состојбата. До веб страната на Собранието има пристап од секаде, според принципот каде и да си во светот сакаш да влезеш и ќе си влезеш. И констатација е дека од надвор од повеќе места истовремено се правеше обид да се влезе, затоа се блокира страницата. Од повеќе земји, засега немам конкретни сознанија од која земја. И решението било да се блокира пристапот од надвор, од странство и да се остават само домејните МК да можат да пристапуваат. Не можете да утврдите од која земја ви доаѓа од странство, затоа што Ај-Пи (ИП) адресите веднаш си ги менуваат за да можете да лоцирате од која земја, рече спикерот Џафери.

Тој додаде дека од хакерскиот напад врз сајтот на Собранието не е направена некаква штета.

И во сабота од собраниската прес-служба соопштија дека Интернет страницата на Собранието е вратена во функција и е достапна за домашните корисници, појаснувајќи дека страницата не била функционална поради напад од надвор од повеќе конекции.

-Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници. Во меѓувреме, надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен, наведе прес-службата на Собранието.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy