Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Собраниската расправа за Извештајот на ЕК прекината, продолжението дополнително ќе биде закажано
Македонија

Собраниската расправа за Извештајот на ЕК прекината, продолжението дополнително ќе биде закажано

09/03/2023

AA

Собраниската седница на која пратениците расправаат за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2022 година попладнево е прекината, а нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.

Во попладневниот дел од расправата, власта и опозицијата со спротиставени ставови. За пратениците на власта, во Извештајот се нотирани позитивни поместувања во многу области, а според опозицијата,  со вакви оценки и динамика, земјава нема да биде подготвена уште многу долго време да пристапи во Европската унија.

Љубица Спасова, пратеничката на СДСМ, оцени дека Извештајот на Европската комисија за 2022 година е балансиран и во него има вкупно 1.560 наоди, односно активности што се препознаени како одреден напредок.

-Согласно Извештајот на Европската комисија, Република Северна Македонија е на добро ниво на подготвеност за влез во Европската унија во областа на земјоделството и руралниот развој, како и во областа на безбедноста на храната, ветерината и фитосанитарната политика. Најголем успех е нотиран во реализација на ИПАРД 2 Програмата. Позитивно се оценети и сите елементи на интервентниот административен  и контролен систем кои се усогласени со правото на Европската унија. Овие резултати се постигнати заради грижата на Владата кон земјоделците во 2022 година, а се надевам дека Извештајот во 2023 година ќе биде уште попозитивен, рече Спасова.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ забележаа дека разгледувањето на Извештајот доцни пет месеци што според нив говори како власта се донесува кон најважниот документ којшто се однесува на напредокот на земјата во Европската унија. Една од забелешките на опозицијата е и, како што посочија, злоупотребата на европското знаменце при носењето на законите. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека иако со висока оценка се оценети последните локални избори, сепак забелешките се однесуваат на Изборниот законик, односно навременоста на неговото усогласување при што се укажува на потребата таквата консолидација да не се врши непосредно пред процесот на самите избори.

На прашањето од пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ зошто Владата ја прифатила, како што рече, бугарската уцена за внесување на Бугарите во Уставот, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ одговори дека не се работи за никаква уцена и дека од внесувањето на бугарското малцинство во Уставот не можеме да имаме ниту штета, ниту да бидеме повредени како Македонци.

– Секогаш и во преговорите со Грција за Преспа и во преговорите со Бугарија сме имале една водилка – да покажеме и да докажеме дека е возможно и да влеземе во ЕУ и да останеме Македонци кои говорат македонски јазик со заштитен идентитет и тоа го постигнавме. Не е воопшто лесно. Ниту имплементацијата на овој договор не е едноставна, ниту ќе биде едноставна. Ве уверувам дека од внесувањето на бугарското малцинство во Уставот и во преамбулата која почнува со мнозинскиот македонски народ и потоа ги реди сите останати заедници, не можеме да имаме ниту штета, ниту да бидеме повредени како Македонци. А, тоа ќе ни ги отвори вратите, ќе ни ја зајакне позицијата да не може повеќе Бугарија да продолжи со уценувачката политика. Ние таа политика ја прекинавме со францускиот предлог. Целта на францускиот предлог беше да прекине уценувачката политика и да се заштити идентитетот, македонскиот јазик, нагласи Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy