
Собранието распиша оглас за избор на нов државен јавен обвинител
Собранието го распиша огласот за избор на нов државен јавен обвинител, со рок за пријавување од 15 дена. Кандидатите мора да бидат обвинители или судии кривичари со најмалку 10-годишно искуство.
Процесот предвидува Владата да побара мислење од Советот на јавни обвинители, кој во рок од 30 дена треба да ги оцени пријавените. Владата може да предложи кандидат само од оние со позитивна оценка, а конечната одлука ја носат 61 пратеник. Новиот обвинител ќе има мандат од 6 години.
Овој избор доаѓа по оставката на претходниот обвинител Коцевски, кој до последно тврдеше дека неговото разрешување е политички мотивирано. До изборот на нов шеф на Обвинителството, функцијата како вршител на должност ја извршува Анита Тополова Исајловска, која на оваа позиција може да остане најмногу шест месеци.
