Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Собранието на 28 мај ќе одлучува за новиот гувернер на Народната банка
Македонија

Собранието на 28 мај ќе одлучува за новиот гувернер на Народната банка

23/05/2025

AA

Собранието на Република Северна Македонија за среда, 28 мај, ја закажа седницата на која ќе се одлучува за изборот на нов гувернер на Народната банка. Седницата ќе започне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневниот ред, според информациите објавени на официјалната веб-страница на Собранието.

Како кандидат за нов гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет. Тој треба да ја наследи досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, која ја водеше институцијата од 2018 година.

Предлогот за именување на Славески до Собранието го достави претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Според соопштението од нејзиниот Кабинет, одлуката била донесена по консултации со сите кандидати, при што претседателката се водела од нивната стручност, интегритет, дигнитет и реалните можности за именување.

„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, истакнаа од Кабинетот на претседателката.

Мандатот на гувернерот на Народната банка трае седум години. Доколку биде изгласан од страна на пратениците, Славески ќе ја предводи институцијата во наредниот период во време на важни економски предизвици поврзани со инфлацијата, монетарната стабилност и процесот на пристапување кон Европската унија.

Поддршка за неговиот избор најави владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека од опозициските партии веќе најавија дека нема да гласаат „за“, посочувајќи дека предлогот претставува политичка одлука, а не избор базиран на независна експертска проценка, како што било пракса досега.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy