Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Можно зголемување на цената на парното поради одлуката на Уставниот суд
Македонија

Можно зголемување на цената на парното поради одлуката на Уставниот суд

23/05/2025

AA

Цената на топлинската енергија може да се зголеми по последната одлука на Уставниот суд, предупреди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Одлуката, која се однесува на либерализирање на постапката за исклучување потрошувачи од парното греење, според него може да доведе до намалување на бројот на приклучени домаќинства. Тоа пак ќе има директно влијание врз зголемување на цената за останатите потрошувачи.

„Ќе ја почитуваме одлуката на Уставниот суд, но таа ќе значи полесно исклучување од системот, што ќе доведе до зголемени трошоци поради помал број корисници“, рече Бислимоски.

Притисок врз електричната мрежа

Бислимоски посочи и дека зголемениот број потрошувачи што би се префрлиле на електрично греење може сериозно да го оптовари дистрибутивниот систем во Скопје.

„Посебно се плашам дека дистрибутивната мрежа нема да издржи. Таа е проектирана за регион со парно, а не за зголемено користење на струја за греење“, додаде тој.

Причини за прекините со струја и мерки за стабилизација

Во однос на масовниот прекин со електрична енергија минатиот викенд, Бислимоски изјави дека од МЕПСО се очекува комплетен извештај. Проблемите настанале во период кога фотоволтаичните електрани не произведувале струја.

„МЕПСО веќе презема мерки, а во план е и тендер за поставување голема кондензаторска батерија во Неготино“, изјави тој.

Новиот закон овозможува батериски системи

Со новиот Закон за енергетика, овозможено е поставување батериски системи, посебно кај фотоволтаичните електрани. Според Бислимоски, тоа ќе помогне за балансирање на мрежата, а дел од капацитетите може да бидат ставени на располагање на МЕПСО.

Рок за промена на лиценците – до 30 јуни

Регулаторната комисија потсети и дека сите носители на енергетски лиценци, вклучително и за пробна работа, имаат рок од 29 мај до 30 јуни да поднесат барање за промена на лиценцата во согласност со новиот Закон.

Во моментот, активни се околу 8.800 лиценци за енергетски дејности и 150 за пробна работа.

„Доколку не поднесат барање, нивните лиценци ќе престанат да важат“, предупреди Бислимоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy