Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со воведни зборови на Обвинителството започна судењето против криминалната група Беланоца-Барон
Магазин

Со воведни зборови на Обвинителството започна судењето против криминалната група Беланоца-Барон

04/09/2025

AA

Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во судницата на затворот Идризово се одржа судското рочиште против деветмината водачи и членови на криминалната група Беланоца-Барон, обвинети за повеќе убиства, изнуди и загрозување на општата сигурност во периодот од 2020 до 2024 година.

Како што беше посочено од страна на јавната обвинителка, обвинетите во рамки на злосторничко здружение извршиле најмалку осум убиства, дел од нив двојни, како и сериозни инциденти со кои била нарушена општата безбедност. Дел од доказите, појасни, се прислушувани и пресретнати комуникации, содржини екстрахирани од видео надзори, мобилни телефони, дигитални уреди, како и физички докази оружја, возила, траги од крв, искази на сведоци и тн.

Во воведните зборови на Обвинителството, беше истакнато дека членовите на криминалната група од една страна се декларирале како големи верници и муслимани, а од друга страна учествувале во ликвидации на лица за паричен надомест, трговија со дрога, рекет, изнуда, давање под камата и проституција.

– Еден од обвинетите дури кажува дека има голема желба да изврши самоубиствен напад влегувајќи во група на луѓе, како и дека својот син го учи на тие постулати. Има луѓе за кои животот значи сума на пари кои плаќаат преголема цена доколку убиството се изврши на најсуров начин, со испукување на цел арсенал автоматско оружје во лицето на противникот за цел негово уништување, а воедно и понижување и испраќање јасна порака. Има луѓе кои немаат јасна кауза и лојалност спрема никој и денес убиваат заедно, а друг ден кројат планови за да се убиваат меѓусебно. Има луѓе кои имаат на платен список убијци, изнудувачи, потпалувачи кои се испраќаат во мисија дури и за еден погрешно кажан збор, истакна обвинителката.

Претходно од страна на адвокатот Еленко Миланов, бранител на првообвинетиот Фатљум Ајети, беше оспорена законитоста на прибавените докази на Обвинителството, нагласувајќи дека „поднесениот обвинителен акт и листата докази на Обвинителството не е наведена ниту една наредба за посебна истражна мерка, ниту пак е доставена било каква наредба за примена на посебна истражна мерка која би значела тајно следење и снимање на лица и предмети надвор од домот или деловен простор означен како приватен“.

На ова од страна на јавната обвинителка беше посочено дека „затворската ќелија недвосмислено претставува затворен и физички ограничен простор со ѕидови и врати каде што се одвива приватна комуникација“. Обвинителката, рече, затворската ќелија е место каде што лицата разговараат без присутство на трети лица и каде обвинетиот Фатљум Ајети треба да помине 11 години од својот живот, посочувајќи дека голем животен дел таму треба да поминат и обвинетите Зулќуфли Нуредини и Гани Марку.

– Посебната истражна мерка следење во затворен простор е законска и оправдана како единствен начин на прибирање кривични докази, пропорцијално соодветно на тежината на обвинувањата и одобрена од надлежен судија на претходна постапка. Доказите прибрани преку оваа мерка се законски и допустливи имајќи го во предвид јавниот интерес за откривање на вистината во овој случај кој е од исклучително значење за безбедноста на граѓаните, посочи обвинителката. 

Обвинети се Фатљум Ајети познат како Тоте, Акиф Равмановски познат и како Јусуф Акифи–Барон, Зулќуфли Нуредини, Акиф Мемиши, Абдула Садики, Шенаси Маслани, Мирвет Маслани, Гани Марку и Решад Исман. Дел од нив беа спроведени од притвор, а дел од затворот „Идризово“ кадешто издржуваат затворски казни од други предмети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy