Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почна судењето за групата Беланоца-Барон: Обвинителството откри морничави детали
Македонија

Почна судењето за групата Беланоца-Барон: Обвинителството откри морничави детали

04/09/2025

AA

Со воведни зборови на Обвинителството, кои открија морничави детали за најмалку осум брутални убиства, денеска во судницата на затворот Идризово започна судењето против деветтемина водачи и членови на криминалната група позната како Беланоца-Барон. Одбраната, пак, уште на самиот почеток ја оспори законитоста на клучните докази, тврдејќи дека биле прибавени со незаконско следење во затворските ќелии.

Обвинети за повеќе убиства, изнуди и загрозување на општата сигурност во периодот од 2020 до 2024 година се Фатљум Ајети (Тоте), Акиф Равмановски (Јусуф Акифи–Барон), Зулќуфли Нуредини и уште шестмина други членови.

Верници преку ден, сурови убијци навечер
Во својот воведен говор, јавната обвинителка истакна дека доказната постапка ќе покаже како членовите на групата од една страна се декларирале како големи верници и муслимани, а од друга учествувале во ликвидации за пари, трговија со дрога, рекет и проституција.

„Има луѓе за кои животот значи сума на пари кои плаќаат преголема цена доколку убиството се изврши на најсуров начин, со испукување на цел арсенал автоматско оружје во лицето на противникот за цел негово уништување, а воедно и понижување и испраќање јасна порака“, рече обвинителката.

Таа додаде дека еден од обвинетите дури изразил желба да изврши самоубиствен напад и го учел својот син на тие постулати, додека групата немала лојалност кон никого и „денес убиваат заедно, а друг ден кројат планови за да се убиваат меѓусебно“.

Судир на одбраната и обвинителството за доказите
Адвокатот Еленко Миланов, бранител на првообвинетиот Фатљум Ајети, побара доказите прибавени со посебни истражни мерки да бидат прогласени за незаконски. Тој нагласи дека во обвинението не е наведена ниту една наредба за тајно следење и снимање надвор од дом или приватен деловен простор.

Обвинителката возврати дека „затворската ќелија недвосмислено претставува затворен и физички ограничен простор каде што се одвива приватна комуникација“. Според неа, посебната истражна мерка „следење во затворен простор“ била законска, оправдана како единствен начин за прибирање докази и одобрена од надлежен судија.

„Доказите прибрани преку оваа мерка се законски и допустливи имајќи го предвид јавниот интерес за откривање на вистината во овој случај кој е од исклучително значење за безбедноста на граѓаните“, посочи обвинителката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy