Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сојузот на средношколци оди на средба во МОН – што ќе договорат?
Македонија

Сојузот на средношколци оди на средба во МОН – што ќе договорат?

27/03/2023

AA

Претставници на Средношколскиот сојуз предводени од претседателот Лука Павиќевиќ денеска ќе имаат средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири за да разговараат за барањата кои Генералното собрание на Сојузот ги усвои пред десет дена.

Павиќевиќ за МИА изјави дека им е потврдена средбата што ја побарале со министерот Шаќири и дека нивните четири барања во однос на полагањето државна матура ги доставиле во МОН.

-Се договоривме за денеска, понделник, во 13.30 часот, да имаме средба за нашите барања, рече Павиќевиќ.

Барањата на Сојузот се промена на соодносот на коефициенти за екстерните испити при упис, соодветни испити при упис, поместување на денот за првиот екстерен испит и материјалите за интерните испити и банките со прашања наставниците да ги споделат најдоцна четири недели пред денот на испитот.

Сојузот предлага да се промени соодносот, т.е. екстерните да носат 20 поени, интерните 16 поени и проектната задача да носи 4 поени. Во однос на второто барање, Сојузот бара Владата да им препорача на сите универзитети во земјава првиот екстерен предмет – Мајчин јазик (македонски, албански и турски јазик) и литература да го сметаат за соодветен, со што ќе се зголеми неговиот придонес во поените за државната матура.

Бара и доколку е можно да се помести првиот екстерен испит од 27 мај на 3 јуни и четвртото барање е наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на испитот, бројот на прашања во банките да биде три пати поголем од бројот на прашања на испитот.

Сојузот на средношколци не се согласува со барањето на дел од матурантите што ги претставува ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколци и студенти) – организатор на протестот пред МОН на 17 март, кои бараат да се намали обемот на материјалот за полагање на државната матура или, како алтернатива, да се намали бројот на интерни испити.

Во однос на нивното барање, министерот Шаќири деновиве изјавуваше дека конечен одговор ќе даде во текот на оваа недела откако ќе има средба со директорката на Државниот испитен центар дали е можно нешто да се промени во однос на полагањето на завршниот испит. Притоа нагласи дека може да се прифати некоја промена само доколку дозволува законот.

Претставници на ОДАС денеска нема да бидат на средбата во МОН, а претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, за МИА изјави дека немаат информација дека средношколци ќе имаат средба со министерот.

Во однос на нивните барања и протестот на 17 март по кој имаа средба во МОН, рече дека немаат нови известувања од надлежното министерство.

-После тоа не. Само сме известени дека ќе се одржат средби со средношколци и дека е планирано да бидеме вклучени во нив. Но, денеска средба не одржуваме ние, рече Угриновска.

Додаде дека очекуваат за нивните барања да имаат што побргу одговор, затоа што, рече, времето до испитите е кратко и треба да се подготвуваат за матурата.

-Доколку се создаде револт кон неисполнување на барањата, во тој случај повторно би требало да направиме консултација со средношколците. По предупредувачкиот протест, овојпат средношколците би имале многу поголеми мотиви да се побунат ако не им биде одговорено на барањата, рече претседателката на ОДАС.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy