Со украден „мерцедес“ од Германија сакале да влезат на ГП „Долно Блаце“
На 01.02.2024 во 17.00 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(22) од Република Албанија и В.С.(21) од Сојузна Република Германија.
При извршена гранична контрола и проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал А.М., а сопатничка била В.С., евидирало во базата на Интерпол како украдено. Тие биле задржани во полициска станица, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.