Со тврд предмет ја тепал кравата на соседот по глава – насилник од Центар Жупа доби кривична пријава!
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Ј.(67) од селото Праленик, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.
Тој, на 23.12.2023 со тврд предмет повеќе пати удрил по глава домашно животно – крава, сопственост на С.Х. од селото Праленик, која подоцна угинала.