Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со солзи, аплаузи и стоечки почести: Гоце Арнаудов постхумно награден со признание за животно дело на Фолк фест Валандово
Македонија

Со солзи, аплаузи и стоечки почести: Гоце Арнаудов постхумно награден со признание за животно дело на Фолк фест Валандово

25/05/2025

AA

Со емоции и достоинство, Фолк фест Валандово вечерва му оддаде почит на легендата на македонската народна музика, Гоце Арнаудов, доделувајќи му постхумно награда за животно дело. Наградата ја прими неговата сопруга Силвија, која излезе на сцената во салата „Јанко Узунов“, каде со солзи во очите се поклони пред сликата на својот сопруг.

„Тој со мерак пееше на овој фестивал и беше негово обележје,“ изјавија водителите Ирена Спировска и Ѓорѓи Калајџиев, пред да биде прикажана фотографија од Арнаудов на видеобимот. Во тој момент, публиката се исправи на нозе и со долготраен аплауз му оддаде почит на еден од најголемите фолк уметници што ги имала Македонија.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година, а почина на 6 декември 2011. Во текот на неговата богата кариера создаде повеќе од 200 песни и освои над стотина награди од фестивали во земјата и странство. Пет последователни години беше прогласуван за најпопуларна личност во Македонија, а еден од врвовите на неговата кариера беше концертот во 2000 година, кога пред 10.000 публика пееја со него на стадионот во Струмица.

Валандово уште еднаш покажа дека традицијата, музиката и спомените за вистинските уметници не се забораваат – тие живеат вечно, во срцата на народот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy