Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со сојузничка Португалија потпишан првиот Договор за одбранбена соработка, Петровска порача дека со него се засилува колективната одбрана и безбедноста на Алијансата
Македонија

Со сојузничка Португалија потпишан првиот Договор за одбранбена соработка, Петровска порача дека со него се засилува колективната одбрана и безбедноста на Алијансата

11/09/2023

AA

Министерките за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска и на Португалија, Марија Хелена Кареирас денеска во Министерството го потпишаа првиот Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу двете земји со што ќе се интензивира македонско-португалската одбранбена соработка.

Министерките Петровска и Кареирас на заедничка прес-конференција порачаа дека Договорот е камен-темелник на развојот на билатералните односи и дека со него ќе се зацврсти колективната одбрана во НАТО.

„Денеска е важен ден за нашите држави и за нашата соработка, бидејќи за прв пат потпишавме Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу сојузничките Северна Македонија и Португалија, и со тоа покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, затоа што имаме заедничка, единствена цел“, рече министерката Петровска.

Таа информираше за областите опфатени со Договорот, како интензивирањето на консултациите во доменот на безбедносната политика, мировните операции, заедничката обука и едукација, како и активностите за заштитата на животната средина. Дел од договорот се и родовите прашања во одбраната и безбедноста.

„Како жени лидери во одбраната ја разбираме потребата за целосно вклучување на потенцијалот на жените во областа на безбедноста – но, не како бројка, туку како можност за додадена вредност и квалитет во актуелната безбедносна архитектура“, потенцираше министерката.

Петровска се осврна и на предвидената соработка во доменот на сајбер – безбедноста за која рече дека е исклучително важен сегмент имајќи предвид дека покрај конвенционалната руска агресија врз Украина, сите земји се соочуваат со обиди за нарушување на општественото живеење кои се од хибриден карактер.

Министерката Кареирас порача дека Договорот за одбранбена соработка ја реафирмира идејата дека заедничките цели во безбедноста и одбраната можат да се постигнат единствено преку зајакнување на Алијансата. Кареирас се заблагодари за учеството на Северна Македонија во мисијата КФОР на Косово и мутинационалните сили на источното крило на НАТО, вклучувајќи го и заедничкото учество во силите на НАТО во Романија.

Португалската министерка за одбрана ја реафирмираше поддршката од Португалија за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

„За време на нашиот разговор, имав можност уште еднаш да ја истакнам значајната улога што Португалија ја придава на идното пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, што ќе го зајакне европскиот проект и ќе придонесе за стабилноста на балканскиот регион“, потенцираше Кареирас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy