
Со проект на УНДП ќе се бараат решенија за аерозагаденоста во Струмица
Општина Струмица формираше координативно работно тело со претставници на граѓанскиот сектор, локалната и централната но и судската власт чија задача ќе биде справување со аерозагадувањето. За екоактивистите потребно е сериозен пристап но и повеќе финансиски средства за решавање на овој проблем оти цели две недели имаше високи концентрации на ПМ 10 честички.
Во Струмица се имплементира проект од УНДП вреден 20 милиони денари со кој се врши мерења на воздухот во затворен и надворешен простор а резултати ќе бидат индикативни мерки при изработка на акциски план за справување со аерозагадувањето.
Домаќинствата кои се греат на огревно дрво, индустриските капацитети и сообраќајот се најголемите загадувачи на воздухот во Струмица сметаат доброупатените.