Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со пасош „Република Македонија“ по 12-ти февруари нема да може да се вратите дома – ќе ви треба патен документ од конзулат
Македонија

Со пасош „Република Македонија“ по 12-ти февруари нема да може да се вратите дома – ќе ви треба патен документ од конзулат

01/02/2024

AA

По 12-ти февруари сите пасоши на кои пишува Република Македонија стануваат неважечки и доколку се наоѓате во тој период во странство, ќе може да се вратите дома само со патен лист кој треба да го извадите од македонски конзулат.

„Доколку државјани на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава (по било кој основ) и кои до 12 февруари 2024 година немаат извадено нови патни исправи (пасоши), истите можат да се вратат во Република Северна Македонија со Патен Лист, издаден од најблиското дипломатско конзуларно претставништво на Северна Македонија“, велат од МНР за ТВ21.

Од таму потсетуваат потсетуваат дека нашите државјани имаат право да се сликаат во најблиското дипломатско конзуларно претставништво во странство во кои имаме воспоставено базна или мобилна станица, преку телефонско закажување или комуникација по е-маил (Претставништва со базни станици во: Минхен, Бон, Берлин, Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Њујорк и Чикаго. Претставништва со мобилни станици во: Брисел, Стокхолм, Венеција, Торонто и Мелбурн). Процедурата за стекнување со нова патна исправа од денот на сликање трае околу 30 дена, по што државјаните ги подигнуваат новите патни исправи во дипломатското или конзуларното претставништво каде го извршат сликањето. Во случај државјанинот да не е во можност да го подигнува патната исправа во претставништво, по негово барање и по потпишување на изјава, може истата да ја добие преку брза пошта, при што трошоците или поштарината се на негов товар.

„Оттука, ги повикуваме останатите државјани кои се во странство а кои немаат можност да се стекнуваат со нови патни исправи преку дипломатските и конзуларните претставништва, тоа да го направат во земјава (вклучувајќи сликање и подигнување на новата патна исправа), поради неможноста истите да се достават преку пошта“, велат од МНР.

4NEWS.mk потсетуваат дека рокот на старите пасоши истекува на 12 февруари и истото значи дека по тој датум, без нови патни исправи нашите државјани немаат можност да ја напуштат нашата земја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НЕ Е ЗАТВОРЕН ПОРАДИ НАМАЛЕНАТА ВИДЛИВОСТ Патниците да

21/12/2025
Македонија

СОНЦЕ, ОБЛАЦИ И УТРИНСКА МАГЛА ДО ВТОРНИК Затишје пред најавените

20/12/2025
Македонија

Инцидент во Кочани: Физички нападната млада докторка од Итната помош

20/12/2025
Македонија

НОВИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ДА ГО ПРЕИСПИТА ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ПУЛС“ Родителите

20/12/2025
Македонија

НЕ ЗАСТАНАЛ, УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „АУДИ“, БЕГАЛ Уапсен 28-годишник од

20/12/2025
Македонија

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост

20/12/2025
Македонија

СЕ ЗАБИЛ СО МОПЕД ВО СТОЛБ 17-годишник почина во Неготинско

20/12/2025
Македонија

„Удри“ по џебот на фирмите, опомени за граѓаните: Еден месец

20/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39231
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НЕ Е ЗАТВОРЕН ПОРАДИ НАМАЛЕНАТА ВИДЛИВОСТ Патниците да ги следат ажурирањата на летовите,

21/12/2025

Mеѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови, порачуваат од ТАВ Македонија по шпекулациите во

СОНЦЕ, ОБЛАЦИ И УТРИНСКА МАГЛА ДО ВТОРНИК Затишје пред најавените дожд и снег

20/12/2025

Времето утре, 21 декември, ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава

Инцидент во Кочани: Физички нападната млада докторка од Итната помош додека била на смена

20/12/2025

Нов случај на насилство врз медицински персонал ја потресе јавноста во источниот дел на земјата. 33-годишна докторка вработена во Итната

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy