Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година
Економија

Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

20/01/2025

AA

Министерството за финансии информира дека денеска е исплатена Еврообвзницата издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра со средства од унгарскиот заем.

„Денеска во целост ја исплативме Еврообврзницата издадена во 2018 година на износ од 500 милиони евра, а која доспеваше за исплата на 18 јануари 2025 година. Со цел да се обезбедат средства по најниски трошоци за исплата на оваа Еврообврзница, беше потпишан Договор за заем со унгарската Експорт-импорт банка. Условите под кои ги добивме средствата направија заштеди на буџетот по основ на камати и по основ на провизии. Ќе продолжиме со политиките на редовно и навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства по најповолни услови“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Средствата за сервисирање на оваа обврска која доспеавше на 18 јануари 2025 година беа обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка по поволни услови со камата од 3,25 отсто, рок на отплата 15 години, со вклучен грејс период од 3 години.

Земјата досега има издадено 9 еврообврзници, од кои шест се веќе исплатени, а во наредните години доспеаваат за отплата уште 3 еврообврзници издадени во 2020, 2021 и 2023 година во вкупен износ од 1,9 милијарди евра.

Кочовска додаде дека 2025 година започнува со ликвидни и стабилни јавни финансии кои ќе овозможат редовно и навремено сервисирање на обврските.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната

15/02/2026
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41486
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАЛАДУВАЊЕ И ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ Ќе се зголеми висината на снежната покривка на планините

15/02/2026

Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy