Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се!
Македонија

Со онлајн работилница со Илина Арсова започнува „РЕсет“ платформата за добросостојба на Реплек – приклучете се!

05/04/2024

AA

Вечерва со почеток од 19:00 часот започнува онлајн работилницата на која нашата истакната уметница и планинарка Илина Арсова ќе ги сподели своите животни навики и мотивациски тактики за здраво тело и дух, а присутните ќе можат директно да комуницираат со Арсова и да постават прашања или да споделат искуства и мислења. Арсова е позната по енергичниот дух, љубовта кон природата и активниот начин на живот. Покрај другото, таа е отворена кон промени и прифаќање на предизвици кои нудат нови можности и поместуваат граници. За мотивот за освојување на многу планинарски врвови, меѓу кои и Монт Еверест, искачувањето на многу непристапни планински места и креирање на цврст и одлучен дух, вечерва сите заинтересирани ќе можат да чујат од прва рака, но и да поразговараат со Арсова, на следниот линк: https://t.ly/AI-8r 

Со онлајн работилницата со Илина Арсова започнуваат активностите во рамките на платформата „РЕсет” за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила, односно добросостојба. „РЕсет“ е во основата на визијата преку која компанијата сака да јa поттикне и промовира добросостојбата на лично и колективно ниво, поврзувајќи ја оваа платформа директно со кредото на компанијата „За мое добро“. Платформата „РЕсет“ ќе иницира низа активности достапни за јавноста, преку кои ќе се обиде да мотивира и да поттикнува промена на навиките и однесувањата на луѓето за добросостојба. 

Стресниот и брзиот начин на живот остануваат сериозен фактор за нарушување на човековата добросостојба, што упатува на тоа  дека грижата за здравјето е врвен приоритет, па оттука „Реплек“ преку платформата „РЕсет“ креира простор за вклучување на секој граѓанин кој сака да го промени својот начин на живот и да го подобри своето ментално и физичко здравје. По работилницата со Илина Арсова, планирани се неколку настани за добросостојба во текот на годината, чија цел е да едуцираат, мотивираат и да поттикнат промена кај луѓето, преку животното искуство на инспиративни личности од различни професии. Темите на работилниците ќе бидат од различни области, односно исхрана, физичко и ментално здравје и слично. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy