Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со нож ја избодел сопствената мајка во глава – приведен маж од Богданци!
Македонија

Со нож ја избодел сопствената мајка во глава – приведен маж од Богданци!

12/01/2026

AA

На 12.01.2026 во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци.

На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.

Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.

На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.

По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОБРАНИЕТО ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА НОВИ ЧЛЕНКИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ

12/01/2026
Македонија

Отворен тетовскиот градски базен, мажите ќе плаќаат поскапо од жените

12/01/2026
Македонија

Печалбарите на протести: Мицкоски, Петрова и Димитриевски да дојдат да

12/01/2026
Македонија

КУМАНОВЦИ КОИ РАБОТЕЛЕ ВО ИРАК И ВО АВГАНИСТАН СО БАРАЊЕ

12/01/2026
Македонија

„Сејф сити“ во собраниски лавиринт: Можно одложување?

12/01/2026
Македонија

Експанзија на странска работна сила во Македонија: Бројот на странци

12/01/2026
Македонија

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО КАВАДАРЦИ ДОБИВААТ НОВА МОЖНОСТ Почнаа стручните испити

12/01/2026
Македонија

Со нож ја избодел сопствената мајка во глава – приведен

12/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40080
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОБРАНИЕТО ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА НОВИ ЧЛЕНКИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ Јошевска Анастасовска и Кадри Шахиновиќ

12/01/2026

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет. Пратениците во Собранието

Отворен тетовскиот градски базен, мажите ќе плаќаат поскапо од жените

12/01/2026

Градскиот базен во Тетово од денеска ги отвори вратите за сите граѓани, но со специфична ценовна политика која веднаш го

Печалбарите на протести: Мицкоски, Петрова и Димитриевски да дојдат да ги слушнат нашите барања!

12/01/2026

Поранешните вработени во американските бази во Ирак и Авганистан од денеска го започнаа својот секојдневен протест пред просториите на Управата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy