Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со нетранспарентен закон се загрозуваат 10.000 работни места – АСОМ со реакција за политичка манипулација со игрите на среќа
Македонија

Со нетранспарентен закон се загрозуваат 10.000 работни места – АСОМ со реакција за политичка манипулација со игрите на среќа

24/07/2025

AA

И по една недела од усвојувањето на новиот предлог-закон за игрите на среќа и забавните игри, Владата сè уште не испраќа никакви сигнали дека планира да ги вклучи засегнатите страни во натамошниот процес, реагира Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). „Владата упорно избегнува да се соочи со фактите кои се неизбежни.

Прво, 10.000 вработени во овој легален бизнис ќе останат на улица. И второ, затворањето на целата легална индустрија за игри на среќа ќе значи единствено развој на нелегално, нерегулирано и небезбедно играње.

Крајниот резултат од оваа владина одлука ќе биде проширување на нелегалниот бизнис, државата ќе изгуби милиони евра приходи, а контрола врз пазарот повеќе нема да постои“, велат од АСОМ во својата реакција. Носењето на законот, без консултација со индустријата, претставува директна закана не само за 10.000 работни места во нивниот сектор, туку и опасност за уште 50.000 работни позиции во поврзани индустрии.

Дополнително, од Асоцијацијата наведуваат дека државниот буџет ќе изгуби над 280 милиони евра годишно, што се генерираат преку лиценци, такси и други даночни приходи од оваа индустрија.

Од АСОМ посочуваат дека Владата со своите чекори не ја зајакнува економската стабилност, туку отвора простор за зголемување на нерегулираниот и небезбеден пазар. Воедно, повикуваат на итна и транспарентна јавна расправа за да се најде прифатливо законско решение за сите страни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy