
Со македонски пасош можете да патувате во 125 земји без виза
„Хенли и Партнери“ (Henley & Partners), водечка светска консултантска компанија за планирање жителство и државјанство, и Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), редовно ги рангираат најсилните и најслабите пасоши во светот.
Тие го проценуваат бројот на дестинации до кои може да одат имателите на пасоши без виза или со виза. Сингапурскиот пасош беше оценет како најдобар. Со него можете без виза да влезете во 193 земји. Германскиот пасош овозможува безвизен влез во 190 земји.
Кога станува збор за пасошите на земјите од поранешна Југославија, најдобро котира Словенија. Со пасошот на таа земја се отвора врата за 184 земји. Во 176 земји без виза можете да патувате со хрватски пасош, а во 138 со српски пасош.
Следат Северна Македонија и Црна Гора со 125 и 124 земји, соодветно, додека пасошот на Босна и Херцеговина дозволува пристап до 118 земји.
Најлошо се пласираше Косово. Со тој пасош можете без виза да влезете во само 42 земји.